Македонија
14. јуни 2022 - 8:55

СДСМ: Со ребалансот обезбедуваме пари за поголеми плати и пензии

Ребалансот на Буџетот за 2022 година изготвен од Владата предводена од СДСМ кој влезе во собраниска процедура има за цел да обезбеди продолжување на досегашните мерки и политики за справување со последиците од светската економска криза.

Со Ребалансот се остварува заштеда на сериозни средства кои ќе се искористат за директна помош за граѓаните и стопанството.

Дополнителни 76 милиони евра обезбедуваме за поддршка на граѓаните и стопанството, како и 52 милиони евра што ќе се искористат за поддршка на земјоделците, за раст на платите и пензиите.

Граѓаните да бидат спокојни, обезбедени се средства за нови таргетирани мерки за помош, за усогласување на платите на буџетските корисници со растот на минималната плата, како и за рекордно зголемување на пензиите од септември, согласно новата усвоена методологија.

Со ребалансот предвидени се финансиски средства за капитални инвестиции во патната и железничка инфраструктура, гасификација но и инвестиции во обновливи извори на енергија што е особено важно во време на светска економска и енергетска криза.

И во време на криза Владата и парламентарното мнозинство преку одговорни мерки и политики успева економијата да ја задржи на стабилни основи и таа да остане ликвидна.

Очекуваме опозицијата да ги стави интересите на граѓаните на прво место и ребалансот да биде усвоен што побро, затоа што е важно поддршката за граѓаните и компаниите да биде постојана и навремена.

 

Центар за комуникации со јавноста