Македонија
24. May 2022 - 14:31

СДСМ: Со гордост ја честитаме автокефалноста на МПЦ - ОА, ова е важен настан за православието и за македонската самобитност

СДСМ на сите православни верници и на сите граѓани им ја честита автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија. 

Со денешната заедничка служба со патријархот на СЦП Порфириј и со испратениот Томос до Вселенската патријаршија се создаваат сите успови МПЦ - ОА да биде признаена како автокефална и рамноправна со сите православни цркви. 

Ова е важен настан за сите православни верници од Северна Македонија, важен историски настан и за македонскиот народ но и за сите граѓани. 

Со признавањето на МПЦ - ОА се затвора уште едно повеќедецинско отворено прашање и истовремено се заокружува македонската самобитност и независност.

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ