СДСМ: Република Македонија – 30 земја членка на НАТО
Република Македонија станува 30 земја членка на Алијансата, потврда за тоа е и Самитот на НАТО во Лондон каде нашата држава доби уште еднаш силна поддршка од сите земји членки на НАТО сојузот.
Се остварува една од најважните стратешки цели на нашата држава и заложбите на минатите и сегашните генерации, се исполнува деценискиот стремеж нашата татковина да стане членка на НАТО.
Еднакви со најмоќните, рамо до рамо со светските сили, рамноправни со најсилните економии во светот.
Како дел од безбедносниот штит на најмоќниот воен сојуз во светот, Македонија станува фактор за стабилност во регионот и држава во која граѓаните имаат сигурна иднина.
Придобивките на Република Македонија со членството во НАТО се огромни. НАТО значи стабилност, сигурност, безбеденост, но и отворање и проширување на можностите за зголемен економски раст, охрабрување на инвеститорите за нови инвестиции, пристап до нови пазари и отворање на нови и подобро платени работни места.
Ново на Сител
-
Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок
-
Денес е Велики петок - Охрид во очекување на Христовото воскресение
-
Финишира предизборната кампања
-
Скапа ќе биде велигденската трпеза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции