СДСМ: Одговорност за сите злоупотреби ќе има
СДСМ во денешното соопштение наведува дека правна одговорност ќе има за сите злоупотреби направени преку институциите на системот и за сите злоупотреби направени со пари на граѓаните.
- Скандалозното непостапување на Марко Зврлевски кој ја зароби правната држава се покажа на дело со извештајот на ОЛАФ, Европската агенција за борба против корупцијата, по што е покренато обвинение против фирмата Актор за перење пари и проневера при изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, стои во соопштението од СДСМ.
Од партијата додаваат дека уште во 2014 година објавиле оти постои сериозен сомнеж за криминални активности поврзани токму со изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица.
- Скоро три години не постои никаква правна разрешница на овој случај во Македонија токму поради блокираните институции и непостапувањето на Марко Зврлевски, велат од СДСМ.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка