СДСМ: Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост, вработување на 500 образовни асистенти
Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост во редовна настава, градиме фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите.
Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од стартот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата по попреченост вклучени во редовната настава.
За оваа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти.
Образовните асистенти ќе имаат 24.000 денари месечна плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Марија Ѓоргиева Овчарова“ од Велес.
Учебниците ќе бидат адаптирани за потребите на учениците со попреченост согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.
Обезбедуваме иклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.
Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во иднината и да го менуваме образованието кон подобро.
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции