СДСМ: Новата Влада го враќа квалитетот во образованието и ги поправа штетите направени од ВМРО-ДПМНЕ
ВМРО-ДПМНЕ 11 години непромислено и преку избрзани, неодговорни и несоодветни проекти, предизвикуваше штети во образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни светски институции и организации кои образованието во Македонија редовно го сместуваа како едно од најлошите во Европа. Владата предводена од СДСМ веднаш започна да ги поправа штетите кои ВМРО-ДПМНЕ им ги нанесе на учениците, наставниците, професорите и образовниот систем, наведува СДСМ во пишабното сооопштение до медиумите.
- Учениците се ослободени од непотребното екстерно тестирање коешто ги тероризираше и нив, и нивните наставници и родителите. Санирани се штетите од милионските долгови направени за неплатена струја во студентските домови. Новата Влада предводена од СДСМ на барање на студентите ги активира родовите студии и студиите за безбедност и евроинтеграции коишто беа стопирани од претходната власт, а на барање на Универзитетот кое се поклопува со ставот и одлуката на Влада, нема да има дисперзирани студии, за коишто значително беше намален интересот за студирање, стои во соопштението.
Од СДСМ посочуваат дека оваа година, на студентите од еднородителски семејства ќе им биде овозоможено поевтино студирање на одредени студиски програми за кои ќе плаќаат само половина од партиципацијата.ж
- СДСМ преку Владата со која раководи продолжува ги поправа напластените проблеми во образованието оставени од ВМРО-ДПМНЕ кои 11 години работеа спротивно на интересите на учениците, наставниот кадар и граѓаните. Владата предводена од СДСМ заедно со граѓаните и експертската јавност ќе работи на темелни реформи во образованието што ќе го вратат квалитетот во образованието преку проекти кои ќе бидат во интерес на учениците, наставниците, професорите и студентите, се вели во соопштението од СДСМ.
Ново на Сител
-
Родителите на четворица британски тинејџери го тужат ТикТок поради смртта на нивните деца
-
За поубав сон: Скандинавски начин на спиење
-
Урсула фон дер Лајен и Туск: Шверцерите, Лукашенко и Путин нема да одлучуваат кој ќе влезе во Европа
-
Единаесет килограми опиум пронајдени во Велес, истрага за недозволена трговија со дрога
-
Утре студено со утринска магла по котлините
-
Татко пријавил дека малолетници ја допирале неговата ќерка во автобус на ЈСП, еден од нив и се соблекол пред неа
-
80-годишна жена од Скопје измамена за сума од 615.000 денари, и кажале дека нејзината ќерка прегазила дете
-
Стабилно и суво време за викендот, снег се очекува наредната седмица