Македонија
31. August 2018 - 10:18

СДСМ: Македонската иднина е над меѓупартиските полемики, ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека навистина е за ЕУ и НАТО

Сите политички партии, а пред се ВМРО-ДПМНЕ мора да покажат одгворност за историскиот момент и иднината на државата и нејзините граѓани да ја стават над дневната политика.

Интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО е поголема и поважана од сите политички партии, а прашањето за трајно зачувување и признавање на македонскиот идентитет е далеку поважно од меѓупартиските полемики.

Македонија се определи! Политички партии, граѓани, невладини организации, се определени за македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Иднината е иста за сите и таа не познава етнички, религиски или политички разлики. Затоа, упатуваме повик до ВМРО-ДПМНЕ, да ја искористат шансата, да покажат дека навистина се ЗА ЕУ и НАТО, дека се ЗА европска Македонија. Тоа е шанса, на дело да ја покажат нивната децениска заложба за евроинтеграција.

Време е сите да бидеме едногласни во остварувањето на нашите стратешки и национални интереси.

Во интерес на иднината, сите треба да се приклучат, да излезат и да гласаат ЗА европска Македонија, стои во соопштението испратено од Центарот за комуникации на СДСМ