СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, партија со извршители на врата да зборува за домаќинско работење и трошење
Реакција на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ за економската состојба
ВМРО-ДПМНЕ партијата со замрзнат имот, блокирани сметки и извршители на вратата на Белата палата, олицетворение на расипничкото владеење, не може да зборува за економија, уште помалку да критикува.
ВМРО-ДПМНЕ кога критикува, заборава да каже дека Владата предводена од СДСМ ги исплатува и нивните доспеани долгови и тоа во време на криза.
Факт е дека и покрај тешката година на светска криза, во 2021 година како држава успеавме да влеземе со целосно стабилна финансиска состојба, ликвидна и солвентна.
Факт е дека преку четири економски пакети вредни над 1.1 милијарда евра Владата предводена од СДСМ помогна на над 400.000 граѓани, спаси над 100.000 работни места и ги поддржа македонските компании.
Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше сите процеси на поддршка, последниот во Собранието со што беа против финансиска поддршка на пензионерите, невработените, младите.
Буџетот за 2021 година е развоен, плански, со и натаму предвидена поддршка, а отвара можност и за искористување на нови економски потенцијали.
Колку и да се обидува, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее да застане на патот на напредокот на државата.
Следува трансформација на општеството по европски стандарди, со десет приоритети врамени во „Акција 21″ со што ќе продолжат и капиталните инвестиции.
Додека ВМРО-ДПМНЕ блокира, кочи, се однесува деструктивно, Владата предводена од СДСМ, прави се` во интерес на граѓаните и државата.
Граѓаните тоа го препознаваат и затоа ВМРО ДПМНЕ уште долго останува во опозиција.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник
-
Николоски: Нема да одиме против УНЕСКО за автопатот
-
Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
-
Уставните судии неодлучни – дали зголемениот праг за независните листи се уставни?
-
700 „фантоми“ се уште се невидливи за државата: 13-годишно девојче конечно доби извод
-
Преглед на вестите од светот
-
Николоски најавува влез на нови странски инвестиции
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет