СДСМ: Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за здравството
Лицемерна и лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во здравството, бидејќи сите ги чувствуваат последиците од катастрофалните штети што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во здравствениот систем, се вели во реакцијата на СДСМ на изјавата на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ оставиле руинирани болници, понижени пациенти и лекари, неупотреблива опрема и огромни долгови на здравствените установи.
- Поради криминалното и расипничко владеење на Тодоров и Груевски, сите здравствени установи во Македонија тонеа во милионски долгови. Клиничкиот центар во Скопје должи 3 милиони евра, бидејќи цели 10 години не се плаќале сметки за вода, а Градската општа болница „8ми септември“ има вкупен долг од 5 милиони евра, посочува СДСМ.
Оттаму истакнуваат дека Владата предводена од СДСМ ставила крај на, како што се вели, криминалното работење во здравството.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст