СДСМ: Легализацијата ќе стане праведна и достапна за сите
Парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ продолжуваат да ги остваруваат дадените ветувања и посветено да работат во интерес на граѓаните, како и да ги спроведуваат зацртаните реформи што носат квалитетен живот за сите, соопшти денеска СДСМ.
Потенцира дека по одлуката за намалување на катастарските услуги за 50 отсто, Владата предводена од СДСМ донесе одлука за продолжување на рокот за поднесување на барање за легализација на бесправно изградените објекти, со што, укажува, процесот ќе стане праведен и достапен за сите.
СДСМ појансува дека со измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, сите граѓани кои претходно не успеале да поднесат барање за легализација, своето право ќе можат да го остварат во нов дополнителен рок од 1 јануари до 31 декември 2018 година. Дополнително, за сите граѓани кои за претходните барања не ја обезбедиле неопходната документација ќе се обезбеди и дополнителен рок од шест месеци од 1 јануари до 30 јуни во кој ќе можат да поднесат нови барања за легализација со комплетна документација.
- Преку предвидените измени на Законот, легализацијата на бесправно изградените објекти ќе биде праведна и достапна за сите и ќе им се излезе во пресрет на илјадници граѓани кои досега поради различни причини не успеваа навреме да поднесат барање за легализација на своите објекти, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-
Прв говор на Трамп пред Конгерсот, аплаузи и скандирања
-
Опозицијата ја бојкотира денешната седница, инцидентите во српскиот парламент ќе ги расветлува обвинителството
-
Мицкоски не се видел со Груевски во Будимпешта, ќарот од Унгарија е милјарда евра
-
Мицкоски: Ни го распродаде македонскиот јазик, а сега се зборува за албанскиот
-
10-годишно дете заврши на хирургија, откако врз него паднала гранка од дрво
-
Судот не прифати застареност на делото за аудито на Мерко
-
Палчо: На денот на убиството на Вања бев во банка
-
Власта го одби синдикалниот предлог за 500 евра минималец