СДСМ: Лажен е наводниот нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ затоа ги очекува нов пораз од граѓаните
Лажни и провидни се наводните нови политики, наводниот нов концепт на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не може да се оправи ни самата, а не пак да нуди нов концепт за сите луѓе со оглед на тоа дека нема намера да се извини ниту пак да расчисти со мрачното минато. За да понуди некаква промена Христијан Мицкоски прво мора да се промени себе си, а тоа значи прво да раскрсти со Груевски. Но, такво нешто нема на повидок.
Мицкоски докажан бранител на криминалот и непресушен извор на лажни вести повторно прави обиди да ги измами граѓаните со лажен наратив.
Таканаречениот нов концепт Мицкоски може да го нуди само ако го напушти Белиот дворец, најлуксузното и најскапо партиско седиште во Европа. Ако престане да брани лица осудени за тероризам, ако почне искрено и со дела да ги почитува другите етнички заедници и да застане на страната на граѓаните, наместо да биде на страната на криминалците.
Мицкоски мора и да се извини за криминалот со кој режимот 11 години ја пустошеше државата и граѓаните и барем еднаш да каже дали навистина е за ЕУ и НАТО или одработува други антизападни агенди.
Без сето ова, нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски може само да очекува нов пораз на претстојните локални избори.
Граѓаните бараат и заслужуваат политички натпревар со идеи кои ќе го подобрат животот. Затоа СДСМ е препознаена како одговорна и државотворна партија, партија со која напредокот е загарантиран.
Центар за комуникации со јавноста СДСМ |
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач во Штип, управувал возило со 2,27 промили алкохол во крвта
-
Сиљановска-Давкова во телефонски разговор со Зеленски изразила поддршка на напорите за крај на војната
-
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека