СДСМ: Институциите имаат капацитет да спроведат попис согласно сите стандарди
По речиси две децении без попис, во државата има недостиг од квалитетни статистички податоци, кои се клучни за градење на стратегии и политики и за натамошен сигурен и предвидлив развој на државата.
Токму затоа кај секоја политичка партија, кај секој граѓанин треба да преовладее разумот, да ги поддржат процесите, со кои се добиваат точни и целосни податоци за структурата на населението и домаќинствата и да се спроведе попис без мешање на политиката.
Со пописот како независна статистичка операција, организирана согласно меѓународните стандарди, ќе се соберат релевантни географски, демографски, економски, образовни, етничко-културолошки, миграциони и други суштински податоци.
Преку пописот ќе добиеме целосни и детални информации во однос на тоа каква е образованата структура на населението, просечната возраст на граѓаните, населеноста на регионите и општините.
Ќе добиеме јасна претстава за структурата на постоечките индустриски капацитети, но и податоци за потенцијалите за иден развој на општините.
Државниот завод за статистика ги има сите капацитети и е подготвен да одржи попис согласно стандардите на Обединетите Нации и на Евростат.
Законското решение гарантира дека пописот ќе се спроведе исклучиво како статистичка операција која никогаш повеќе нема да се третира како политичко прашање.
Пописот ќе се одржи напролет, во интерес на граѓаните и напредокот на државата.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Приведен маж од Тетовско поради приредување игри на среќа без лиценца
-
ИДФ нареди евакуација на 35 области во јужен Либан
-
„Андроид 16“ би можел да го носи кодното име „Баклава“
-
Последен пат ја виделе неандерталците: Комета, што се појавува еднаш на 80.000 години, месецов е на небото над Земјата
-
Судот на правдата на ЕУ ја одби жалбата на забраната за давање адвокатски услуги на руски субјекти
-
Пандов: Еден осуденик државата ја чини над 10 илјади евра годишно
-
ЦУК: 11 пожари на отворено, девет пожарникари дежураат кај зградата во Чаир
-
Во Визбегово се убиваат улични животни и миленици со огнено оружје, предупредува Анима Мунди