СДСМ: Инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст на македонската економија
Економските политики на СДСМ ги даваат очекуваните и конкретни резултати, инфлацијата се намалува, економијата бележи поголем раст.
Инфлацијата се намалува во континуитет и со месеци, со тенденција до крајот на годината да се спушти под 5 отсто.
Со мерките преземени од Владата предводена од СДСМ, стапката на инфлација во септември падна на 20-месечен минимум од 6,6 отсто, а наредната година треба да се врати на стапките од 2-3 проценти, како пред кризата.
Успешноста на економските мерки и политики на СДСМ е потврдена и од Меѓународниот монетарен фонд, кој ги подобри проекциите за македонската економија.
ММФ предвидува економски раст од 2,5 проценти за оваа година и 3,2 проценти за наредната 2024 година.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат економски раст од една страна и заштита и унапредување на животниот стандард од друга.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
Макрон најави нов самит за Украина следната недела
-
Голем пожар во Лондон
-
Студено утро, преку денот претежно сончево
-
Мексиканската морнарица заплени 4,5 тони кокаин од шверцерски брод
-
Гори крајречна трска во атарот на пелагониските села Брод-Гнеотино
-
Илјадници луѓе на протест во Истанбул втора ноќ по ред поради апсењето на градоначалникот
-
Има доволно крв на Трансфузиологија и апелираат да не се шири паника и апели за дарување на социјалните мрежи
-
Шпанска Амбасада: Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија, се солидаризира со жртвите од пожарот