СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините за партиски вработувања
Наместо проекти, решенија за развој, градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат и уназадуваат општините со кои раководат.
Во време на светска економска криза, кога Владата предводена од СДСМ, обезбеди поевтина струја за јавните комунални претпријатија, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ги поскапеа услугите за граѓаните.
Охрид и Прилеп беа првите општини што ги зголемија цените на комуналните услуги, а комуналните претпријатија од овие општини сега имаат милионски долгови.
Општина Охрид има долг од шест милиони евра, додека долгот на општина Прилеп е близу два милиони евра. Над 1,1 милион евра должи општина Ѓорче Петров, а општина Василево должи над 1,5 милиони евра.
Тоа е така затоа што во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ се случува масовна партизација а едно јавно претпријатије во општина раководена од ВМРО-ДПМНЕ дури две третини од својот буџет троши за привремени вработувања.
Град Скопје е посебна приказна, поради неспосбноста на ВМРО-ДПМНЕ Градот има долг од три милиони евра, но има и блокирана сметка и се ближи кон целосен банкрот.
Поради инаетот и каприците на Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ изгуби грант од 70 милиони евра и дополнително плаќа годишни пенали.
Ете како ВМРО-ДПМНЕ се однесува кон народните пари и довербата што ја доби од граѓаните, градоначалниците на Мицкоски направија пустош од општините за само една и пол година од мандатот.
СДСМ - Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Маск: Се надевам дека во иднина ќе има целосно слободна трговија меѓу САД и Европа
-
Загрижувачки раст на случаите на семејно насилство во Албанија
-
СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат
-
Времето утре претежно облачно и студено со врнежи од дожд, а во повисоките места од дожд и снег
-
За денеска најавени над 1.200 протести против Трамп
-
Поведена постапка против малолетник осомничен за силување петгодишно девојче
-
Приведен 40-годишен скопјанец баран за издржување казна затвор
-
Лишен од слобода жител на село Голем Папрадник, пронајдена марихуана