СДСМ: Eкономска катастрофа беше криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и тоа заврши
Не постои поголема економска катастрофа од онаа која се случуваше за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите од буџетот се трошеа на остварување криминални интереси додека државата и граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.
Затоа денес ВМРО-ДПМНЕ нема минимум кредибилитет да зборува за економија. Граѓаните ги чувствуваат придобивките од успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ.
Само последните три месеци од криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ донесоа пад на економијата од -1.3% во првиот квартал од 2017 година. За само неколку месеци, успешните економски политики на владата на СДСМ допринесоа во последното тримесечие од 2017 година да има раст од +1.3%
Јавниот долг за првпат е намален по неколку години. Зголемемена е минималната плата и над 90.000 граѓани добиваат поголема плата, а просечната плата бележи постојан раст. Земјоделците добиваат навремени и зголемени субвенции, трајно е решен деценискиот проблем со стечајните работници.
Дополнително, бројни економски параметри ја потврдуваат успешноста на владините економски политики. Ниту еден обид за манипулација од страна на ВМРО-ДПМНЕ не може да ги оспори овие реални резултати. Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведување на зацртаните мерки што обезбедуваат економски раст и повисок животен стандард за сите граѓани.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден