СДСМ: Да се преземат мерки против загадениот воздух
СДСМ во денешното соопштение посочува дека мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија.
Според официјалните податоци од мерните станици, стои во соопштението, загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 10 пати над дозволеното. Во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат фрапантни 12 пати над дозволеното, додека во Кичево 5 пати над дозволената граница.
- Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички. Овие честички се најголемата причина за повеќе од 1.350 смртни случаи годишно во Македонија поради предизвикување на болести на дишните патишта и рак, стои во соопштението од СДСМ.
Од СДСМ бараат веднаш да се преземат конкретни мерки.
Ново на Сител
-
АХВ нареди нови мерки на Струмички Комуналец
-
Освен казни, Пазарна ќе запленува и роба ако продолжат прекршувањата на владината мерка
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Поплаки и оваа година за дел од таксистите
-
Ристески: Новиот Закон за работни односи после 7 години ќе излезе од фиока
-
Преглед на вестите од светот
-
Почина бебе на Детска Клиника - Телото е на обдукција, вонреден надзор во понеделник
-
„Конти“ - Лесна заработка или тешка измама?