СДСМ: Антидржавно ВМРО-ДПМНЕ среде криза блокира закони во Собрание
Среде глобална економска и енергетска криза, антидржавното ВМРО-ДПМНЕ се однесува несериозно и неодговорно.
Додека глумат загриженост за кризата, кочат и блокираат педесетина закони во Собранието, во соодветните собраниски комисии и на пленарните седници, од кои голем дел се за полесно пребродување на кризата.
Од една страна од Белата плата тврдат дека се загрижени за граѓаните во време на криза, а од друга страна го блокираат законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој кој што обезбедува ликвидни средства за нормално функционирање на ЕСМ.
Со блокадите на законските решенија за полесно справување со кризата, ВМРО-ДПМНЕ им нанесува штета на граѓаните и на стопанството.
Владата предводена од СДСМ обезбеди пакет мерки за надминување на кризата во вредност од 750 милиони евра, што претставува 5,5 отсто од БДП и е најголем во споредба со државите од Западен Балкан.
За помошта да стигне што поскоро до оние на кои им е најпотребна, потребни се измени на законски решенија, а не блокади, кочење и опструкции.
ВМРО-ДПМНЕ треба да прекине со неодговорното однесување и да застане на страната на граѓаните.
Центар за комуникации на СДСМ
Ново на Сител
-
22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел
-
Алиу: Ќе ги дисперзираме услугите за онколошките пациенти онаму каде што има услови
-
Пронајден череп и коски слични на човечки во штипско
-
Пробиштип: Товарно возило удрило во 68-годишна жена
-
Таксист измамил Швајцарец во Скопје за 7.800 денари
-
Двајца косовски државјани тешко повредени во сообраќајка
-
Зеленски: Следната недела нова размена на затвореници со Русија
-
Израелскиот воздушен простор останува затворен за цивилниот сообраќај