СБ на ОН загрижен поради Нагорно Карабах
Советот за безбедност на ОН соопшти дека е загрижен за судирите што избувнаа околу Нагорно Карабах, кои се закануваат да прераснат во општа војна меѓу Ерменија и Азербејџан и остро ја осудија употребата на сила.
По состанокот зад затворени врати, 15 членки на Советот за безбедност на ОН изразија загриженост во врска со извештаите за големи воени акции долж контактната линија во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах.
Во соопштението на Советот за безбедност се наведува дека неговите членови го поддржуваат повикот на генералниот секретар на ОН до завојуваните страни итно да ги запрат борбите, да ги деескалираат тензиите и да се вратат на преговори без одлагање.
Ситуацијата во Нагорно Карабах ескалираше кон крајот на минатата недела, а Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за започнување на непријателства.
Воведена е воена состојба во Ерменија, беше најавена општа мобилизација, а на мажите на возраст од 18 до 55 години им е забрането да ја напуштаат државата. Во Азербејџан е воведен полициски час.
Ново на Сител
-
Приведено едно лице, пронајдена дрога
-
Бројката на загинати достигна до 98 при уривање на ноќен клуб во Санто Доминго
-
Пожар во породилиште во Москва, едно лице повредено, 224 лица евакуирани
-
Влада: Растат платите на вработените во здравството, образованието и безбедноста
-
МФ: Усвоена дополнета Среднорочна програма за стоковните резерви – ќе се складираат 1300 тони ориз со кои се покрива 60-дневна потрошувачка
-
Трамп нареди блокирање на законот за животна средина и сузбивање на климатските промени
-
Посебен сообраќен режим во Скопје поради посетата на претседателката на словенечкиот Државен збор
-
Генерален штрајк во Грција