Сасоли по земјотресот во Албанија: Европа е со Вас
Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, реагираше во врска со состојбата по силниот земјотрес во Албанија,каде освен огромната материјална штета има и жртви.
Тој искажува неговата блискост со албанските граѓани и држава.
Сасоли уверува дека Европа е и ќе биде на страната на Албанците.
-Мојата братска блискост со луѓето и државата Албанија погодена од силниот земјотрес оваа ноќ. Европа е на ваша страна. И ќе биде, наведува Сасоли, и постира фотографија за време на акцијата за спасување во Тумана, каде едно дете беше извадено живо од под урнатините на една станбена зграда.
Сасоли, во друг пост на социјалните мрежи, изрази жалење за вестите што доаѓаат од ситуацијата со земјотресот во Албанија.
„Длабоко жалам за веста за катастрофалниот земјотрес во Албанија. Цела Европа стои во солидарност со земјата и нејзините луѓе. Нашите мисли одат кон жртвите и нивните најблиски, напиша Сасоли.
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот