-->
-->
Санкционирани 243 возачи во Скопје, 56 за брзо возење
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на Град Скопје се изречени вкупно 243 мерки, меѓу кои 56 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 53 за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли и 24 за возење без возачка дозвола.
– Изречени се 14 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за користење на мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање, соопшти МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачаа од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Борко Ристовски, министер за спорт
-
Мицкоски оптимист за ЕУ интеграцијата и покрај ставовите на Кос
-
Гаши за уставните измени
-
Mицкоски ќе оди на средба со банкарите – да им го каже она што сакал да им го каже
-
Скопје на седмо место според загаден воздух во светот – почна сезоната на алармантно аерозагадување
-
Десет дена Виница се гуши во отпад
-
Граѓански собир во Охрид за решавање на проблемот со дивите депонии
-
Слаб интерес за приклучок на гасоводната мрежа во Струмица