Македонија
28. September 2015 - 12:56

Санирана и асфалтирана улицата „534“ во Марино

Општина Илинден ја санираше и асфалтираше улица „534“ во Марино, во должина од 330 метри и широчина од 5,5 метри.

Вкупната вредност на проектот е 2 милиона денари, обезбедени од Буџетот на општина Илинден.

- Со изградбата на оваа улица која е од големо значење за локалното население и стопанските субјекти, значително се подобрува безбедноста во сообраќајот во овој дел од општината, и се овозможува побрза и побезбедна комуникација, информира општина Илинден.

Општина Илинден, како што се наведува, континуирано инвестира во локалната патна инфраструктура како еден од приоритетите во насока на рамномерниот развој и подобрувањето на квалитетот на живеење во сите 12 населени места.