-->
-->
Санација на оштетените жардиниери во Куманово
-->
Деновиве започна санација на оштетените жардиниери со бетон на булеварите „Трета Македонска ударна бригада" и „Октомвриска револуција" во Куманово. Санацијата ќе трае до крајот на овој и почетокот на идниот месец, соопшти општина Куманово.
- Освен што ќе бидат санирани оштетувањата на бетонот на жардиниерите на овие два фреквентни булевари, кои се оштетени од неповолни временски услови, дел и од несовесни граѓани, ќе бидат поставени и нови на некои локации каде што немало досега, изјави Момчило Јовановски, помошник-раководител на општинскиот Сектор за урбанизам.
За реконструкцијата и санацијата на оштетените и поставување нови жардиниери одвоени се средства од буџетот на општина Куманово. Санацијата се спроведува врз основа на претходно распишан тендер на кој на електронска аукција беше избрана кумановска приватна компанија која ги санира оштетувањата на терен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис