Македонија
2. April 2024 - 16:51

Самоил и по една година не е пронајден, за два дена се носи пресуда за неговото грабнување

Повеќе од една година нема ниту трага ниту глас од Самоил Костадиновски а пресудата за негово грабнување ќе биде донесена на 4 април. 

Во завршните зборови обвинителството побара обвинетите да бидат осудени бидејќи доказите ја зацврстиле теоријата на случај со кое настапи обвинетелството. Обвинетите Виктор Милановски и Саша Челичиќ се товарат дека го грабнале односно помогнале да биде грабнат Самоил Костадиновски, за да го натераат да плати за дрога од 4 кг. Самоил повеќе од една година не е пронајден. Адвокатот на првообвинетиот вели дека немало ниту еден доказ дека Самоил е грабнат, напротив тие биле другари и тој доброволно влегол во автомобил со нив. Давидовиќ смета дека обвинителството направило пропусти во истрагата. 

Роднина на првообвинетиот тврди дека обвинението се заснова на чаршиски муабет а такви муабети имало многу за Самоил Костадиновски. 

Самоил по 13 месеци откако е киднапиран, не е пронајден, а неговите најблиски сметаат дека најверојатно е убиен за да му бидат земени парите.