Самитот ЕУ – Западен Балкан ќе се одржи на 6 мај виртуелно
Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, соопшти вечерва дека самитот ЕУ – Западен Балкан што требаше да се одржи во Загреб во мај, ќе се одржи преку видеоконференција на 6 мај.
Ова било договорено на денешната виртуелна средба на шефовите на држави и влади на ЕУ, на која главна тема беше излезот од економската криза предизвикана од коронавирусот.
Загрепскиот самит требаше да се одржи на почетокот на мај. Европските лидери, дипломати и функционери повеќепати уверија дека и покрај длабоката криза низ која минува Европската Унија, Западниот Балкан нема да биде запоставен.
Самитот ЕУ – Западен Балкан треба да биде прилика за лидерите од регионот и од ЕУ да разговараат за главните политички и економски предизвици со кои се соочуваат, како и за зајакнувањето на односите. На овој самит нема да се носат одлуки.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена