Самит во Париз: Усвоен нацрт-договор за борба против климатските промени
Учесниците на Меѓународната конференција за климата, која се одржува во Париз, денеска усвоија нацрт глобален договор за борба против климатските промени и го проследија до министрите за надворешни работи и заштита на животната средина за да ги разработат преостанатите спорни точки од тој документ.
Претседавачот на работната група која работеше на нацртот го прогласи документот за усвоен непосредно пред истекот на рокот, предвиден за денеска на пладне, откако преговарачите се согласиле да направат „козметички измени“, побарани од некои делегации.
Нацрт договорот е полн со загради и повеќекратни опции, што покажува дека серијата спорни точки останува да се разработи, а повеќето се однесуваат на начинот на дефинирање на обврските на земјите во различни фази на развој во борбата против климатските промени.
Министрите сега имаат уште една недела за преговори за конечниот договор, со оглед на тоа дека повеќедневниот самит во париз завршува на 11 декември.
Ново на Сител
-
Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Лав XIV
-
Прв говор на папата Лав Четрнаести: Бог нè сака сите, безусловно
-
Девизните резерви на крајот на април 4,77 милијарди евра
-
Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите
-
Американецот Роберт Превост е новиот папа, со избрано име Лав 14
-
Кардиналот Ре се надева дека вечерва ќе биде избран новиот папа
-
Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара
-
Кривична против 39-годишник, ја следел неговата поранешна партнерка и упатувал закани преку пораки