Салваторе Куочи ја презеде должноста командант на КФОР
Италијанскиот генерал-мајор Салваторе Куочи денеска ја презеде должноста командант на меѓународната мировна мисија предводена од НАТО во Косово - КФОР, наследувајќи го неговиот сонародник Џовани Фунга.
Церемонијата за примопредавање на должноста беше одржана во базата на КФОР во Приштина.
На церемонијата, 22-от командант на КФОР, Куочи наведе дека мотото на мисијата ќе биде трајна посветеност.
- Тоа значи дека ќе продолжиме да им помагаме на институциите во Косово во нивната стабилизација и демократизација и ќе продолжиме да го следиме патот кон подобар регион, нагласи новиот командант на КФОР.
Косовскиот претседател Хашим Тачи, кој присуствуваше на церемонијата, наведе дека сите треба да им оддадат почит на војниците на КФОР, но нагласи дека Косовските безбедносни сили се подготвени за нови одговорности.
- КФОР ужива најголема доверба меѓу граѓаните на Косово, без оглед на нивната етничка припадност. КФОР во минатато го чуваше мирот во Косово, но и на Балканот, рече Тачи, додавајќи дека Приштина ќе ги продолжи преговорите со Белград за нормализација на односите
Тој посочи дека, благодарение на КФОР и НАТО, Косовските безбедносни сили денес се мултиетнички сили во служба на сите граѓани и се подготвени да преземат нови одговорности.
Досегашниот шеф на мисијата Фунга, потенцираше дека за време на неговиот мандат на прво место го ставал народот на Косово.
Коучи, неодамна го заврши својот мандат во мировната мисија во Либан.
Ново на Сител
-
Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер
-
Зеленски: Имав значаен разговор со Трамп, заеднички работиме на крај на војната
-
Храната како психолошка зависност | Теодора Делиќ | Личен Развој | Sitel Podcast 082
-
Србија: Уапсени 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Обреновац поради злоупотреби во јавни набавки
-
Трамп разговараше со Зеленски веднаш по разговорот со Путин
-
Врнежи од снег на планинските превои, да се вози внимателно
-
Амбасадорот на Саудиска Арабија: Нема алкохол на Светското првенство во 2034 година
-
Инцидент на дива депонија во Шуто Оризари: Инспектор од Град Скопје пријавил закани од градоначалникот