Сакал насилно да влезе во куќата на тинејџерката со која се допишувал, нејзината мајка го застрела
5-годишниот Трој Џорџ Скинер бил тешко повреден кога се обидувал да влезе во куќата на тинејџерката во американската држава Вирџинија со која се запознал на интернет.
Новозеланѓанецот пристигнал во САД со намера да се сретне со тинејџерката, која ја запознал на интернет. Тој се обидел насилно да влезе во куќата , по што бил застрелан од мајката на девојчето.
Пропатувал 15.000 колометри за да се види со девојчето, кое наеднаш ја прекинала онлајн комуникацијата. Кога му било кажано дека не смее да влезе, се обидел да провали насилно. Кај себе имал нож, спреј за зашеметување и леплива трака. Но , мајката го застрелала со пиштол во вратот, по што бил однесен во болница.
Полицијата смета дека Скинер планирал да му наштети на девојчето, бидејќи за да ја оствари својата намера сменил три авиони и автобус и дошол од Окленд на Нов Зеланд до Ричмонд во Вирџинија. Кога дошол до куќата мајката и двете малолетни ќерки биле внатре без намера да му отворат.
Тој почнал да вика дека 50 километри поминал со автостоп за да дојде до таму и дека му треба помош. Кога видел дека не му отвораат со цигла ја скршил вратата и влегол внатре. Мајката за тоа време го зела пиштолот и два пати го застрелала.
Кај него бил најден повратен билет за Нов Зеланд за 30 јуни , но по опоравувањето во САД го чека обвинение за обид за насилно влегување на туѓ имот со смртоносно оружје.
Родителите на девојчето воопшто не знаеле за контактот со Новозеланѓанецот, а девојчето им рекло дека уште на почетокот на познанството пред четири месеци се обидувала да ја прекине врската.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 2,9 степени регистриран во околината на Ресен
-
Пелоси го обвинува Бајден за поразот на Харис и демократите
-
Млад манијак осомничен за полов напад на две девојки во Битола
-
Чешкиот претседател стравува дека договорот меѓу Трамп и Путин ќе биде на штета на Европа
-
Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“
-
Состојба на патиштата
-
Српскиот премиер очекува уште оставки поради трагедијата во Нови Сад
-
Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители