Македонија
13. April 2024 - 16:40

Сахарската прашина ќе донесе болести

Сахарската прашина која изминатиов период беше забележана во Охрид и траеше неколку дена која буквално го сокри небото според добрите познавачи ќе придонесе до загадување на воздухот ,појава на нови болести и проблеми со респираторниот систем.Климатските промени негативно влијаат како врз здравјето така и врз економската ситуација.

Високите температури кои ја зафатија државата и се невообичаени за овој период, негативно влијание во моментот, но доколку настане повторно промена на времето односно заладување тогаш можат да се појават и поголеми  проблеми во овоштарството, лозарството, градинарството, и пчеларството.

Екологистите сметаат дека и во иднина треба да очекуваме поекстремни воздушни струења кои ќе носат или песок или други честички како резултат на глобалното нарушување на циркулациите  на воздушните маси.