Саем за вработување во Велес
Во организација на Агенцијата за вработување на Македонија денеска во холот на новата театарска зграда во Велес се одржа Саем за вработување на фирми од Вардарскиот регион.
На Саемот за вработување се претставија 20-тина фирми од Велес, Неготино и Свети Николе, чии претставници на штандви со рекламен материјал ги информираа неработените лица од Велешко за можностите за вработување. Воедно, невработените можеа да потполнат и апликација за вработување и да поднесат свое си-ви.
Саемот за враборување во Велес го отвори директорот на Агенцијата за вработување на РМ Влатко Поповски во придружба на велешкиот градоначалник Славчо Чадиев.
Во изјавата за медиумите директорот Поповски оцени дека овој настан предизвика интерес кај невработените од Велес и оти се надева дека ќе има и конкертни вработувања.
- Се надевам дека и на овој саем ќе се склучат договори за нови вработувања. Воедно денеска се отвора и новата компанија „Маркарт“ во индустриската зона Караслари каде што исто така ќе има потреба од вработувања. Се надевам дека новите инвестиции во Велес ќе придонесат за нови вработувања и намалување на невработеноста, рече Поповски.
Според него, ова е одличен начин сите невработени директно да се запознаат со компаниите кои нудат работа и да остварат контакт со нив.
Ново на Сител
-
МЗШВ: Исплатени се 105.002.614,00 денари кон 7.158 земјоделци
-
Пониски температури, дожд, град, грмежи - УХМР со предупредување за претстојниот викенд
-
Тајланд регистрира 50.000 случаи на Ковид19 за една недела, нов вид го поттикнува растот
-
ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Британија ќе ја развие инфраструктурата
-
Национален ден на Власите
-
Обвинителството бара притвори за Онкологија
-
Филипче: Владата прво си потпишува договор, а после ќе не информира за камати и трошоци
-
Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас