Саем за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје
Саем за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје денеска се одржа во Младинскиот културен центар. Голем број здруженија на граѓани имаа можност на посебни штандови да ги претстават пред јавноста и присутните своите проекти, планови, активности и заложби, како и да учествуваат во многубројните работилници.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски.
- Со поддршката на овој настан Град Скопје го потврдува своето настојување за учество во активностите со кои се промовира волонтерството и активното граѓанство, како вредности кон кои нашите граѓани треба да се стремат и да ги практикуваат. Затоа, особено ми е драго што овој пат НВО саемот не е само можност за претставување на граѓанските здруженија кои работат на територијата на Град Скопје, туку е и можност за нивно вмрежување и зајакнување на меѓусебната соработка, рече Трајановски.
Саемот за здруженија на граѓани за волонтерство и активно граѓанство на Град Скопје се организира како дел од активностите за одбележување на 5 Декември, Меѓународниот ден на волонтерството. Организатори се Здружението на граѓани „Волонтерски центар Скопје", а финансиски е поддржан од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Намален бројот на сообраќајки, прекршоците не стивнуваат
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат