САД со предупредување до своите граѓани да не патуваат во Србија поради состојбата со коронавирусот
– Американското министерство за надворешни работи ги предупреди државјаните на САД да не патуваат во Србија поради лошата епидемиолошка состојба со коронавирусот, но и да бидат особено внимателни поради криминал aко се во таа земја.
Стејт департментот ги предупреди граѓаните да не патуваат во Србија и осум други дестинации поради вирусот, вклучувајќи ги Словенија, Албанија, Литванија, Авганистан, Гренада, Белизе, Сент Китс и Невис и Маурициус.
Се наведува дека тие држави се меѓу земјите од четврти степен во кои е регистрирана значителна распространетост на коронавирусот. Според податоците на Министерството за здравство на Србија, од вчера, уште 27 лица починале од Ковид-19. Бројот на новозаразени продолжува да расте, а инфекција е потврдена во претходните 24 часа кај 6.249 од 21.163 тестирани лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Изет Меџити, коалиција Вреди
-
Приватните специјализанти ќе работат за празниците, но не се откажуваат од барањата
-
ДСЗИ повторно влезе на Токсикологија
-
Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ