САД со нови санкции кон физички и правни лица во Северна Кореја
САД соопштија дека воведуваат санкции кон седуммина високи севернокорејски претставници и три правни лица, поради сериозни прекршувања на човековите права.
- Денешните санкции се насочени против високи припадници на севернокорејската Војска и владини претставници, обвинети за драстични кршења на човековите права, се наведува во соопштението на американскиот министер за финансии Стивен Мнучин. - Наша цел се и оние кои финансиски го помагаат режимот со помош на странска валута, заработена преку принуден труд, се додава во текстот.
Санкциите се воведени кон директорот и заменик-директорот на Командата за воена безбедност, на првиот заменик-министер за народна безбедност и на министерот за труд, како и кон севернокорејски генерален конзул во Кина и дипломат во Амбасадата на Северна Кореја во Виетнам.
Истовремено, специјалниот известител на ОН за прашањата околу човековите права во Северна Кореја Томас Кинтана изјави дека санкциите воведени кон Пјонгјанг од страна на ОН, може да придонесат за влошување на човековите права во земјата.
- Извозните и трговски забрани, воведени од Советот за безбедност, кои ги погодуваат клучните елементи на економијата, можат да имаат директни последици на пристапот на севернокорејските граѓани до медицинските услуги и опструирање на хуманитарните напори во земјата, изјави Кинтана, презентирајќи го својот извештај за Северна Кореја пред Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Православните христијани го празнуваат Божиќ, денот на Христовото раѓање
-
Охрид исполнет со туристи за божиќните празници
-
Сиљановска и Мицкоски на иста линија - Законот за заштита на децата ќе се усогласи со Уставот
-
Скопје и денеска најзагаден град во светот, премиерот најавува конкретни мерки но потребни ќе бидат повеќе години
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник