САД со нови критериуми за баратели на виза од шест муслимански држави
Нови критериуми воведе администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за кандидати за американска виза од шест муслимански држави и за сите бегалци според кои, тие треба да имаат блиски семејни или бизнис врски со САД.
Тоа се случува откако Врховниот суд делумно го уважи претседателскиот указ што беше критикуван како „забрана за услимани“.
Според инструкции од Стејт департментот, новите кандидати од Сирија, Сомалија, Судан, Либија, Иран и Јемен трева да докажат врска со родител, брачен партнер, дете, полнолетен син или ќерка, зет, знаа, брат или сестра за да имаат право да добијат виза. Истото важи и за кандидатите за бегалци од сите држави.
Дедовци, баби, внуци, тетки, чичковци и други родници нема да се третираат како „блиски врски“ според новите насоки.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш