САД се надеваат дека ќе ја завршат воената кампања против ИД кон крајот на 2017
Американската администрација се надева дека ќе ја заврши својата воена кампања против Исламска држава пред крајот на летото следната година, изјави Брет Мекгрегор, специјален пратеник на претседателот Барак Обама во меѓународнта коалиција против ИД.
Американскиот дипломат нагласи дека за 18 месеци ИД загубила 50 проценти од териториите во Ирак и 20 отсто од териториите во Сирија.
Тој додаде дека коалицијата ликвидира по еден командант од ИД на секои три дена.
Американскиот претставник напомена дека американски воени инструктори веќе ги обучуваат сириските борци, кои потоа обуката ја пренесуваат на останатите структури. Неколку десетици борци биле обучени на тој начин. Во Ирак САД имаат четири илјади војници и воени советници и неодамна прв пат употребија хеликоптер Апачи за поддршка на ирачките сили.
Ново на Сител
-
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната
-
Еурофарм Пелистер надмоќен во дербито со Алкалоид, победа со плус 13
-
Кривична против 4 лица поради несовесно работење во службата
-
Кривична за директор и 6 вработени во Центарот за социјални работи
-
ОЈО: Заврши истрагата за Онкологија
-
Фон дер Лајен: Украина може да влезе во ЕУ пред 2030 година
-
52-годишен маж уапсен поради агресивно однесување кон полицајци
-
Кошта: Ги цениме напорите на Трамп, но само Украина решава дали има услови за мировни преговори