САД размислуваат за годишни вакцини против Ковид-19, соопштија здравствените власти
САД најверојатно ќе почнат да препорачуваат годишни вакцини против Ковид-19, соопштија здравствените власти.
Соопштението беше објавено откако земјата одобри воведување на нови, засилувачки, дози вакцини, дизајнирани да се борат против варијантите на коронавирусот кои моментално се шират. До крајот на неделата, 90 отсто од Американците ќе живеат на осум километри од местата каде што ќе можат да добијат адаптирани вакцини, рече секретарот за здравство и хуманитарни прашања Хавиер Бесера. Здравствените власти велат дека луѓето би можеле да ги добијат новите засилувачки дози оваа есен или зима, заедно со нивните редовни вакцини против грип. Според нив, ова најверојатно ќе стане годишен ритуал.
– За значително мнозинство Американци, се приближуваме до точка каде што една годишна доза против „Ковид“ треба да обезбеди висок степен на заштита од сериозни болести во текот на годината, изјави пред новинарите координаторот на Белата куќа за борба против Ковид-19 Ашиш Џа.
Врвниот американски експерт за заразни болести, Ентони Фаучи, рече дека доколку не се појави значително различна варијанта на вирусот, годишните вакцини треба да понудат доволно заштита за повеќето луѓе. Сепак, според него, некои ранливи групи на луѓе можеби ќе имаат потреба од почести вакцинации.
Ново на Сител
-
Мицкоски ги повика турските компании да аплицираат за унгарскиот кредит
-
Мицкоски: Ако ги изгубиме локалните веднаш ќе одиме на предвремени избори
-
ДСЗИ ќе проверува дали Детска го решила проблемот со дежурстрвата на специјализантите
-
Дијабет центар во Прилеп
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани