-->
-->
САД најавија нови санкции против руската „воена машинерија“
-->
Неименуван претставник на Белата куќа изјави дека САД во рамките на заедничките напори на земјите-членки на Г7, ќе воведат нови санкции против руската „воена машинерија“.
Според него сите земји-членки на Г7се подготвуваат да воведат нови санкции и извозни бариери за Русија, што ќе придонесе за отежнување на Русија да ја снабдува својата воена машинерија,
-Целта на американските мерки е значително да се ограничи пристапот на Русија до производи неопходни за нејзиниот борбен капацитет, истакна неименуваниот американски претставник.
САД ќе го забранат американскиот извоз во 70 ентитети во Русија и други земји.
Тие ќе воведат 300 санкции против различни цели, поединци, организации, бродови и авиони низ Европа, Блискиот Исток и Азија.
Западот воведе невидена серија санкции кон Русија од почетокот на нејзината инвазија врз Украина во февруари 2022 година за да ја блокира економски, да ги намали нејзините приходи од нафта и да ја наруши нејзината воена индустрија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Судскиот совет да ја преиспита одлуката за Теодора
-
Филков: Останувам министер за правда – коалицијата функционира одлично
-
Меџити: Таравари да се одлучи
-
Филипче повика на уставни измени
-
Овошките на удар од ниските температури
-
Црвен крст - Штип организира обуки за прва помош за заинтересирани граѓани, фирми и ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
Кога се трошеле најмногу државни пари