САД ќе распореди уште 500 војници на границата со Мексико пради Ковид-19
Пентагон ќе испрати дополнителни 500 војници на американско-мексиканската граница , кои треба да помогнат во справувањето со ширењето на новиот коронавирус.
На американско-мексиканскта граница веќе се распоредени просечно по 5.000 војници, како поддршка на граничните патроли.
Распоредувањето на дополнителни војници на американско-мексиканскатра граница уследи откако администрацијата на претседателот Доналд Транп се откажа од испраќање трупи на границата со Канада.
САД на 20 март ја затворија северната и јужната граница за туристички и рекреативни патувања со цел да го ограничат ширењето на Ковид-19.
Во САД вчера првпат се регистрирани речиси 700 нови смртни случаи во еден ден. Вкупно во САД од последици од Ковид-19 починаа над 3.700 луѓе, а има повеќе од 182.000 заразени лица.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата