САД ќе распоредат 500 војници во Литванија
САД ќе испратат во октомври 500 војници во Литванија за период од шест месеци.
– Пораката е дека американските сили може да дојдат во бројност што е неопходна, изјави министерот за одбрана на Литванија, Рајмундас Кароблис.
Целта на распоредувањето на тој контингент е зајакнување на позицијата на НАТО наспроти воено присуство на Русија во регионот, јавија американски медиуми.
САД инвестираат во Европа за да одвратат евентуална агресија од Русија со трошење на воена обука, надградба на бази и распоредување на американската војска и опрема. Но, во исто време, претседателот Доналд Трамп ги повикува своите европски сојузници трошат повеќе за одбрана.
Москва нагласи дека нема намера да интервенира во балтичките земји и Полска и го обвинува НАТО за дестабилизирање на Европа со распоредување војници во близина на границите на Русија.
Освен војници новиот американски контигент ќе биде составен и од 30 тенкови Ејбрамс, 25 оклопни возила Бредли и 70 други возила.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите