-->
-->
САД ја повикаа Русија да обезбеди енергетска сигурност во Европа
-->
Заменик државниот секретар Венди Шерман и потсекретарот за економски прашања, Хозе Фернандез, се сретнаа со рускиот вицепремиер Алексеј Оверчук, кој е во посета на Вашингтон, за да ги истакнат заложбите на САД за стабилни и предвидливи билатерални односи, соопшти портпаролот Нед Прајс.
Шерман ја повикала Русија да обезбеди енергетска безбедност во Европа. Цените на природниот гас на континентот во изминатиот период драстично се зголемија поради малите резерви, намаленото снабдување од Русија, очекуваното заладување на времето и прекини во инфраструктурата.
Џон Кери, специјален претставник на претседателот за климатски прашања одделно се сретнал со Оверчук и ги повторил своите повици Русија да направи посилни дејства во однос на запирање на климатските промени. Шерман укажала на руските ветувања според Парискиот климатски договор и обнова на заложбите околу тоа до 31 октомври, кога во Лондон започнува конференцијата за климата на ОН.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци