САД и Канада ограничуваат патувања од јужноафрикански држави поради новиот сој на Ковид-19
САД соопштија дека ограничуваат патувања од осум јужноафрикански земји поради стравувањата од нова варијанта на Ковид-19 откриена во Јужна Африка. Патувањата ќе бидат главно забранети почнувајќи од понеделник од Јужна Африка, Боцвана, Зимбабве, Намибија, Лесото, Есватини, Мозамбик и Малави, изјави висок функционер во администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Само американските граѓани и постојаните жители се уште ќе можат да патуваат од осумте земји, додаде официјалниот претставник. „Потегот е спроведен поради претпазливост од новата варијанта на Ковид-19 што циркулира во Јужна Африка“, рече официјалниот претставник. Министерот за здравство на Канада Жан-Ив Дуклос соопшти дека државата ограничува патувања од седум земји во јужна Африка, регион кој пријави случаи на нова – и можеби позаразна – варијанта на Ковид-19.
Почнувајќи од денеска, на сите странски државјани кои патувале од Јужна Африка, Намибија, Зимбабве, Боцвана, Лесото и Мозамбик во последните 14 дена ќе им биде забранет влезот во Канада. На канадските граѓани и на постојаните жители ќе им биде дозволено да се вратат дома од овие земји, но од нив ќе се бара да ги чекаат резултатите од тестот по пристигнување во хотел. Доколку тестот е негативен, патниците кои се враќаат ќе бидат во карантин 14 дена дома.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера
-
Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев
-
Сончево со мала до умерена облачност, следува период на релативно топло време
-
Саливан: САД засега немаат системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ кои би можеле да ги испратат во Украина
-
Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија