САД го прекинаа емитувањето на „Радио Слободна Европа“ во Русија, Украина, централна Азија и Источна Европа
САД го прекинале договорот за сателитски услуги за емитување на „Радио Слободна Европа/Радио Слобода“ (РСЕ/РС)) на територијата на Русија и околниот регион, изјави синоќа Стивен Капус, извршен директор на медиумот.
Блокадата е дел од наредбата на претседателот Доналд Трамп за затворање на Агенцијата за глобални медиуми на САД (УСАГМ), која го финансираше РСЕ.
- Денеска дојдовме на работа и видовме дека УСАГМ ги исклучила сателитските услуги за покривање на територијата на Русија, изјави Капус, јавија дел од западните медиуми.
Ова се однесува на 24-часовниот телевизиски канал „Настојашче времја“ (Тековно време), што се емитува на руски во Русија, Украина, Централна Азија, Источна Европа и други региони. Според Капус, УСАГМ го известил медиумот дека сателитските договори за емитување на каналот во Европа се раскинати.
Капус истакна дека РСЕ/РС има и други начини как да допре до руската публика.
- Но… ова не беше акција на руската Влада. Ова е наредба од УСАГМ, изјави тој. Смета дека администрацијата на Трамп „би сакала да нè затвори“.
Работата на РСЕ беше суспендирана на 15 март, откако беше прекинат федералниот грант за финансирање на изданието. Оваа одлука следеше по указот на претседателот на САД за ликвидација на агенцијата (под неа исто така е и „Гласот на Америка“) и уште шест други медиуми. Трамп побара „максимална ликвидација на неуставните компоненти и функции“ на овие организации и значително намалување на нивниот персонал. Неколку дена подоцна, РСЕ доби судска одлука за привремена забрана за прекин на грантот, додека Гласот на Америка засега не работи.
Кери Лејк, советничка на директорот на УСАГМ минатата недела соопшти дека одлуката за суспензија на финансирањето на RFE/RL е поништена.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци