САД го обвинија Дамаск дека не дозволува достава на хуманитарна помош
САД ги обвинија сириските власти дека не дозволуваат доставување на хуманитарна помош до сите загрозени и тешко пристапни места во Сирија, како што тоа го налагаат резолуциите на ОН.
- Жителите на загрозените и тешко пристапни реони минатиот месец добија помалку храна отколку во февруари. Ги повикавме сите кои имаат влијание врз сириската Влада да реагираат, бидејќи се покажа оти таа реагира под силен притисок, изјави американската претставничка во ОН, Саманта Пауер, алудирајќи при тоа на Русија.
Таа нагласи дека градот Дараја, кој се наоѓа во близина на Дамаск, не добил никакви испораки на храна од 2012 година.
Според неа, „ужасно е една земја членка на ОН, каква што е Сирија, да ги блокира хуманитарните доставки, а луѓето поради недостиг на храна да јадат трева“.
Ново на Сител
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата
-
Голем број гости се очекуваат за празниците во Охрид
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија