САД формираат коалиција против земјите што се домаќини на хакери
САД како дел од својата стратегија за борба против кибер нападите, имаат намера да формираат меѓународна коалиција за да ги изведат пред правдата земјите во кои живеат хакери. Ова го објави државниот секретар Ентони Блинкен, говорејќи за време на сослушувањето во Комитетот за надворешни работи на Конгресот.
„Владата на САД работи на стратегија за спротивставување на вирусите со рансомвер за подобро да ги заштити нашите мрежи. Ова вклучува тесна соработка со приватниот сектор”, нагласи тој
„Ова вклучува изградба на меѓународна коалиција што ќе ги смета за одговорни државите кои кријат хакери“.
Според него, американскиот претседател Џо Бајден, за време на неговата средба со рускиот претседател Владимир Путин, ќе стави до знаење дека земјите не треба да бидат вклучени во прикривање хакери.
Ново на Сител
-
Се е подготвено за Вевчанскиот карневал
-
Преглед на вестите од светот
-
Александар Камбовски избран за претседател на Судскиот совет
-
Се уште се трага по уште едно лице по сообраќајката во Рашче
-
Охрид најавува година на капитални инвестиции
-
Пренатрупаност во прилепскиот затвор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со професор Борче Треновски