САД бараат од сириските бунтовници да војуваат само против ИД
Официјален Вашингтон побара од сириските бунтовнички групи, што ги помага и подржува, да се насочат само на борба против џихадистите од Исламска држава (ИД), а не да војуваат и со сириските владини сили.
Портпаролот на Пентагон, полковник Рајан Димон изјави дека главната цел на САД во Сирија и во Ирак сега е „исклучително само борбата против ИД и ништо друго“.
Димон потврди дека една од групите кои се дел на проамериканската коалиција ја напуштила заедничката база, откако претходно војувале со сириските трупи. Заминувањето на групата доаѓа по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да се укине досегашната програма на ЦИА за доставување оружје и муниција на сириските бунтовнички групи.
Оваа програма започна во 2013 година од тогашната Администрација на претседателот Барак Обама, со цел да се засили притисокот врз сирискиот претседател Башар ал Асад за повлекување од фунцијата.
Пред еден месец, меѓутоа, актуелната Администрација одлучи да ја прекине програмата, настојувајќи да ги унапреди односите со Русија.
Проценката на воени и политички експерти е дека само воената поддршка што Москва му ја дава на сирискиот претседател Асад, помогна тој да остане на власт во сите изминати шест години од граѓанската војна.
Претставникот на Пентагон Димон соопшти дека групата Шохада ал Квартиан, која досега беше дел од антиџихадистичкта коалиција предводена од САД, се поделила.
Припадници на оваа група беа тренирани и снабдувани со секаква воена опрема од антиџихадистичката коалиција.
Ново на Сител
-
Земјотрес со јачина од 5,2 степени во близина на Санторини – најсилен досега
-
Им се заканувале по живот на сопружници за да добијат 10.000 евра - тројца скопјани осомничени за изнуда
-
Наташа Беквалац ми беше како мајка! | Луна Бејков | Sitel Podcast 080
-
Вест Хем се обидел да го привлече Ендрик од Реал Мадрид
-
Реал Мадрид одби средба со раководството на судиите
-
Опасност од лизгање на земјиштето на Санторини поради зголемената сеизмичка активност
-
Пронајдени телата на сите 67 жртви од авионската несреќа во Вашингтон
-
Аргентина ќе го следи американскиот пример и ќе ја напушти СЗО