РЗС: Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години
Просечната возраст на населението во Србија е 43,9 години, притоа просечна возраст на жените изнесува 45,3 и на мажите 42,5, години, покажуваат денеска објавените податоци на Републичкиот завод за статистика, јави дописникот на МИА од Белград.
Најголем број жители, 63,3 отсто, се граѓаните на возраст од 15 до 64 години, потоа следат граѓаните на возраст од 65 години и постари (22,3 отсто), а најмалку ги има најмладите до 14 години (14,4 проценти).
Минатата година во Србија починале повеќе лица отколку што биле родени или имало 61.052 живородени, а 97.081 умрени.
Просечната возраст на починатите е 72,6 години за мажи и 77,8 за жени.
Кога станува збор за раѓањето деца во Србија, просечната возраст на мајката при раѓањето на првото дете во 2023 година била 29 години.
Минатата година, во повеќе од две третини од случаите, живородените деца се родени во брачна заедница или 70 проценти.
Бројот на живородени деца од мајки помлади од 25 години е намален од 2003 година од 29.637 на 11.382 деца, што е пад од 61,6 отсто.
Од друга страна, во Србија има зголемување на бројот на живородени деца кај мајки на возраст над 40 години, што изнесува 74,9 отсто, во споредба со 2003 година кога имало 1.679 деца, годинава има 2.937 деца.
Најчести имиња на женските деца родени во 2023 година се: Софија, Дуња, Мила, Теодора и Маша, додека најчести имиња на машките деца се Лука, Василије, Лазар, Богдан и Вук.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз