Руско МНР: Гласачите бојкотираа решенија наметнати од надвор
Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
- Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија.
Официјална Москва, како што се посочува, и натаму ја застапува принципиелна позиција дека долгорочно решение може да се најде само меѓу двете земји, без мешање однадвор, и исклучиво во рамките на правниот систем и со широка јавна поддршка.
- Јасно е дека Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми. Тој е контрадикторен со меѓунaроднто право и македонскиот Устав, што беше постојано нагласувано од претседателот на државата Ѓорге Иванов, вклучувајќи го и неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН. Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН внимателно ја следи ситуацијата. Сметаме дека согласно став 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН, резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина треба да бидат разгледани во Советот за безбедност, се вели во соопштенито од руското МНР.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес