Свет
17. јуни 2018 - 9:09

Рускиот таксист заспал зад волан и случајно притиснал на гас

Таксистот, кој вчера удри во група луѓе на тротоар во центарот на Москва, не бил под дејство на алкохол, туку заспал зад волан, соопштија претставници на службата за вонредни ситуации.

Во инцидентот беа повредени седум лица, но никој потешко.

Руските медиуми јавија дека таксистот е од Киргистан, престојува легално во Русија и ги има сите неопходни документи за работа.

Возачот е приведен и спроведен во локалната полициска станица.