Рускиот патријарх освети нова црква во Париз
Патријархот на Руската православна црква освети денеска нова црква во близина на Ајфеловата кула во Париз, за која американски медиуми нагласуваат дека е „контроверзен симбол на влијанието на Путин во Европа“.
Патријархот Кирил предводеше осветување на црквата Света Троица на брегот на Сена каде по тој повод се собраа припадници на руската заедница во Франција.
Американски медиуми јавуваат дека големата бела црква со златна купола тешка осум тони, е централна градба на новиот комплекс вреден 100 милиони евра во сопственост на руската влада. Според нив, Путин се заложил за тој проект предизвикувајќи протести на групи за заштита на правата.
Откако таа локација беше продадена на Русија во 2008 година, дипломатските односи меѓу Франција и Русија се влошени поради акциите на Москва во Сирија и во Украина, заклучуваат во извештаи американски медиуми.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта