Руски воени блогери тврдат дека почнала украинската контраофанзива, Москва демантира
Москва ги демантираше пишувањата на руските блогери и изјавите на шефот на „Вагнер“, Евгени Пригожин, дека украинските сили оствариле напредок на фронтот во источна Украина. Пригожин пред неколку дена кажа дека регуларните руски војници напуштиле позиции кај Бахмут.
Иако украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера кажа дека противофанзивата сè уште не е целосно подготвена, некои руски воени известувачи тврдат дека е почната.
„Украински тенкови се на заобиколницата на Харкив и се движат кон руската граница. Меѓу нив има и многу западни тенкови. Со други зборови, Киев одлучи да ја влоши ситуацијата на северниот фронт, паралелно со офанзивните акции во правецот на Бахмут“, напиша Саша Коц, повикувајќи се на „сигурни“ извори.
Блогерот Александар Симонов, пак, напиша дека украинските сили зазеле неколку квадратни километри, откако се пробиле кон селото Богданивка близу Бахмут.
„Ситуацијата кај Бахмут се одвива според најлошото од предвидените сценарија. Териториите што сме ги освоиле во изминатите месеци по цена на многу животи сега се напуштаат речиси без борба од оние кои би требало да ги држат тие позиции“, изјави Пригожин.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите