Руски научник кој работел на вакцина против коронавирус пронајден мртов
Истакнатиот руски научник Александар Саша Кагански (45) кој работел на вакцината против коронавирусот бил пронајден мртов со убодна рана откако паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.
Кагански бил во долна облека кога паднал од прозорецот на неговиот стан на 14-ти кат, пренесува „Московски комсомолец“.
Научникот имал убодна рана по телото, соопшти полицијата, која верува дека избила тепачка пред Кагански да падне од зградата.
Неговото тело го пронашол сосед на улица, додаваат руските медиуми.
Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се испитува како можно убиство, а 45-годишен маж се испитува како потенцијален осомничен.
Кагански, најпознат по својата работа за истражување на рак, бил асистент професор во Владивосток и работел во Шкотска 13 години, додаваат медиумите.
Неодамна работел како директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина на рускиот Далекоисточен сојузен универзитет.
Се додава дека Кагански работел и на развој на вакцина против коронавирусот.
Ново на Сител
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада